Топлото и сончево време викендов ги наполна охридските плажи со капачи кои се сончаа и капеа во се уште пријатната за капење езерска вода чија температура изнесува 22 степена.

И во текот на идната седмица времето во Охрид ќе биде сончево. Максималната температура ќе биде од 22 до 24 степени, а вечерите ќе се свежи со температура од 9 до 12 степени. Ќе дува умерен ветар од југо-источна страна.

Врнежи од дожд и пониска температура се очекува во недела.

OhridNews