Собранието денеска ќе ја продолжи расправата за избор на нова влада, што ја предложи мандатарот Зоран Заев. Според законот гласањето треба да заврши најдоцна до полноќ.
За избор на Владата потребно е просто мнозинство од 61 глас.
Новата влада е пoддржана од коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ, ДУИ и ДПА, кои заедно имаат мнозинство во Собранието од 62 пратеници.
Расправата за новата Влада која ќе има 19 министри, започна вчера со жестоки меѓупартиски обвинувања и вокабулар кој често ги поминуваше границите на коректно политичко однесување.
Г.М.