Грчките таксисти втор ден штрајкуваат низ градовите во земјата против владиниот план за целосна либерализација на овој сектор и укинување на ограничувањата за издавање лиценци.

Атинските таксисти утрово се собраа пред седиштето на својот синдикат, со намера да се упатат на протест пред зградата на Парламентот.

Во Солун таксистите се упатија кон аеродромот „Македонија“, кој е блокиран со околу илјада возила.

Во неколку градови, таксистите се собрани на пристаништата, каде го блокираат протокот на патници од патничките бродови.

Од синдикатот на таксистите не ја исклучуваат можноста за продолжување на штрајкот, кој првично беше предвидено да трае 48-часа.

OhridNews
извор: Makfaks