Екипи на јавното претпријатие „Водовод“ продолжуваат со санирање на дефектот во системот за водоснабдување кој се случи вчера на булеварот „Туристичка”, на кружниот тек во близина на СРЦ „Билјанини извори”, поради што прекин во водоснабдувањето имаше на поголема територија од централното градско подрачје.

Работата на терен во моментов се одвива добро. Нормализирање на водоснабдувањето се очекува денес во текот на попладневните часови доколку се се одвива како што треба. Прекин во водоснабдувањето денес има на „Асном“,  „Кеј Македонија„ и „Партизанска“, информираат од ЈП Водовод Охрид.

Инаку, станува збор за проблем предизвикан поради пукање на цевка од главен цевковод со профил 300 милиметри.

Н.С.Ј.