Продолжува санацијата на дефектот на водоснабдителната мрежа во Пештани. Од ЈП Водовод Охрид ги известуваат жителите од населбите Лагадин, Елешец и с.Пештани дека и покрај екстремно ниските температури и непристапниот терен, екипите на претпријатието до раните утрински часови работеа на отстранување на големиот дефект на водоснабдителната мрежа во с.Пештани, на водоводна цевка со профил ф300 mm.
Екипите на ЈП Водовод Охрид продолжуваат и денес со санацијата до целосно отстранување на дефектот, посочуваат.
OhridNews