Реконструкцијата на патниот правец Р1301 од Охрид до Свети Наум, што започна во октомври минатата година, продолжува со несмален интензитет.

Од Пештани до Св. Наум извршено е расчистување на густата вегетација покрај коловозот кој на места е проширен или се проширува, со што значително ќе се подобри безбедноста на овој фрекфентен патен правец, особено во туристичката сезона.

Сообраќајот се одвива непречено, но поради градежните активности, на одредени месета е регулиран со содветна сообраќајна сигнализација.

Според најавите, реконструкцијата на патот Охрид – Св. Наум треба целосно да биде завршена до почетокот на главната туристичка сезона.

Г.М.