Екипите на „Јавна хигиена“ деновиве го расчистуваат речното корито на реката Грашница по нејзиното течение  на потегот од булевар „Туристичка“ до улица „Гоце Делчев“.

Оваа акција е продолжение на минатонеделната акција кога машински се расчистуваше речното корито на Грашница во месноста Лескајца, а сега поради тешка пристапност на специјалната механизација, овој потег се расчистува рачно.  

Речното корито на овој дел од течението има бетонска подлога и се расчистува од тревната и жбунестата вегетација, како и наносите од земја, песок и расфрлан комунален отпад. 

OhridNews