Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески деновиве  престојуваше во работна посета на Охрид, каде во тек се активности за расчистување на коритата на реките од езерското сливно подрачје,

-Коселска река на одредени места создаваше многу проблеми и затоа се расчистува нејзиното корито, како и коритата на другите реки што се влеваат во Охридското Езеро, со цел да се обезбеди поголем поток на вода односно да се спречи евентуално излевање на водата и поплавувње на околите објекти и земјоделските површини, рече Јанакиески.

Активностите на терен ги спроведува Дирекцијата за заштита и спасување, додека Министерството за транспорт и врски е само координатор. Во регионот на Охрид и Струга за извршување на работите е ангажирана механизација на Агенцијата за заштита и спасување, на подружниците на „Македонски шуми“ од двата града, механизирани екипи на „Македонија пат“, како и на приватните градежни фирми „Лоте Ина-трејд“ од Охрид и „Проминг“ и „Илинден“ од Струга.

Со Акцискиот план за расчистување на реките во Република Македонија што е во тек е предвидено расчистување на коритата на 25 реки, и тоа речни корита во вкупна должина од околу 300 километри.

OhridNews