Машката ракометна репрезентација треба дел од подготовките за престојниот бараж натпревар со Грција за Мундијалот во Катар 2015 година да ги мине во Охрид.
Охриѓани се уште ги сумираат в печатоците од богатиот продолжен ракометен викенд, а ако репрезентативците дојдат во Охрид ќе го продолжат ракометното „лудило“.
Сето ова започна во првиот ден од месец април кога „фалангата“ во рамките на неделата од ЕХФ одработи четиридневни подготовки во Охрид.
Влогот е голем, затоа селекторот на Македонија, Ивица Обрван кова стратегија која ќе однесе селекција до ново учество на големо натпреварување.
Се очекува репрезентативците во Охрид да допатуваат на 27 мај и да останат неколку денови каде ќе ги наполнат батериите за двомечот со Грција.
Првиот натпревар се игра на 9 јуни во Атина додека реваншот седум дена подоцна во најголемата спортска арена „Борис Трајковски“.
Мх.П.