Продолжува кампањата за промоција на Охрид во српските медиуми.

Деновиве на дел од нив се емитува прилог за Охрид во времетраење од околу 8 минути. Гледачите имале можност да го погледнат прилогот во рамки на емисијата “ Добра ти вечер” која се прикажува на 99 ТВ станици во Србија и 9 ТВ станици во Босна и Херцеговина.

Промотивни текстови за убавините на Охрид деновиве можат да се прочитаат и во српските весници. Еден од нив е објавен на 6 страници во најновиот број на Вип магазинот “ Србија национална ревија”.

OhridNews