Продолжува програмата од „Охридската новогодишна приказна“ во рамки на која денес предвидени се неколку настани за најмладите.
Со почеток во 12:30 часот на градскиот плоштад ќе биде изведена претставата „Дедо Мраз е на пат“. Низ креативна игра, интересни згоди и незгоди, актерите Владо Дојчиноски, Пируника Киселички, Дубравка Киселички и Давид Илиќ ќе им пренесат на дечињата поучна новогодишна порака.
Со почеток во 18:00 часот за добрата забава на градскиот плоштад ќе се погрижи бендот HUMANE, кој е формиран на иницијатива на Клубот на млади при Црвен крст Охрид. Овој бенд е резултат на трудот и посветеноста на талентираните волонтери: Иво Георгиески, Теона Талевска, Мартин Мацкоски и Исидора Митреска.
Во 19:00 часот во Хотелот „Инекс Олгица“ ќе се одржи Новогодишен концерт на учениците од ОМУ „Методи Патчев“- Вечер на Валцер и танго.
Со почеток во 20:00 часот во НУЦК „Григор Прличев“ ќе се одржи Танцовиот фестивал „Охрид танцуваТ“.
Осумдневната програма која започна на 24 и ќе трае до 31 декември организирана од страна на Општина Охрид опфаќа 20 забавни настани меѓу кои детски претстави, новогодишни базари, музички настани. Дел од настаните е предвидено да се одржуваат напладне, а дел во вечерните часови.
OhridNews