Со бројни содржини во програмата се одржува годинешната „Научна и уметничка визита 2024“, во организација на Македонската академија на науките и уметностите во просториите на Куќата на Уранија-МАНУ.
Во рамки на истата и во месец август се предвидени низа активности. На 2 август ќе бидат одбележани 80 години АСНОМ каде предавач ќе биде проф. д-р Владо Поповски од Одделение за општествени науки на МАНУ.
Потоа ќе се одржи и научна дебата на тема „Високото образование и науката“ во организација на Одделението за општествени науки на МАНУ, а од од 24-26 август предвидена е македонско-кинеска поетско-преведувачка работилница на тема „Поезијата во превод меѓу цивилизациите“ во организација на Истражувачки центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“, МАНУ. За на 29 август закажана е терминолошка работилница на тема „Неологизмите во македонскиот јазик“.
Претходно во рамки на „Научна и уметничка визита 2024“ беа одржани лингвистичката работилница „Дијалектна обработка на македонскиот јазик” на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески” при МАНУ, IX Охридска школа за природно право на тема „Зајакнување на националната отпорност кон корупцијата, транспарентност, отчетност и одговорност”, а беше отворена и изложбата „Три генерации” на Ристо Ристовски, акад. Васко Ташковски и Лара Ташковска.
OhridNews