Во 18 часот и 30 минути во Галеријата на Националната установа Центар за култура “ Григор Прличев” ќе биде отворена Изложбата на дела од роднокрајни ликовни уметници.
Половина час подоцна, во Центарот за култура ќе бидат врачени наградите од конкурсот за најдобри литературни, музички и ликовни творби на учениците од општинското средно училиште “ Свети Климент Охридски”.
Во 20 часот предвидено е да започне свечената приредба по повод патрониот празник на охридската гимназија.