Продолжува потрагата по 12-годишно момче од селото Долно Татеши, струшко, кое пред четири дена исчезна во надојдените води на реката Сушица, при обид со неговата мајка со запрежна кола да поминат преку импровизиран премин.

Од СВР Охрид информираат дека потрагата е проширена покрај коритото на Сушица, се пребаруваат и околните канали, како и реката Црн Дрим во која се влева локалната река во која исчезна момчето. Во акцијата се вклучени и нуркачки тимови на специјалната единица на МВР.

OhridNews