Потрагата по исчезнатиот Спиро Ставрески продолжува. Неговото семејство вчера понуди парична награда за секој корисна информација коуја ќе придонесе за негово пронаоѓање. Тоа се сомнева дека Ставрески е киднапиран бидејќи во моментот на исчезнувањето кај себе имал околу 7.000 евра, а повеќемина му должеле одредена сума пари за што тој имал список. Дека е киднапиран, семејството се сомнева и поради тоа што од исчезнувањето обилниот телефон на Ставрески постојано бил исклучен.
Ставрески кој над 10 години работи како уличен продавач на девизи, не бил искаран со никого и не должел пари никому, тврди семејството. Ставрески исчезна на 8 февруари во четвртокот помежу 12:30 и 13 ч, веднаш откако излегол од менувачницата „Фијакер“ на бул. Туристичка. Семејството претпоставува дека Ставрески по излегувањето од менувачницата влегол во кола кај некој кој го знаел, но нема сведоци кои го потврдуваат тоа.
Исчезнатиот Спиро Ставрески
Случајот е пријавен во охридската полиција, а во потрегата по Ставрески е вклучено и самото семејство кое ги пребарува пределите околу Охрид и Галичица. Ставрески дента кога исчезнал бил облечен во црна монд јакна со бели штепови на ракавите, крем панталони, патики и качкет. Висок е 180 сантиметри, слаб, смеѓ, со изразито сини очи. Семејството упати апел до сите клои евентуално имаат некаква информација која може да помогне во расветлување на случајот да ја известат најблиската полициска станица.