Утринава од 8 часот, полициските екипи заедно со месното население од струшкото село Долно Татеши ја продолжија потрагата по 12- годишното момче кое вчера утрината исчезна во водите на каналот во близина на селото.

Од СВР- Охрид информираат дека од утринава во потрагата се вклучени поголем број луѓе кои го пребаруваат теренот.


Мештаните објаснуваат дека станува збор за селски канал кој речиси преку целата година е сув, но сега водата е надојдена поради поројните дождови.

Како што објавивме, вчера утрото околу 9.30 часот кочија со која се превезувале мајка и син се превртела на импровизираниот премин преку кој сакале да поминат на пат кон соседното село. Мајката успеала да се спаси, а детето исчезнало во брзите води.

OhridNews