Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе се движи од 14 до 23, а максималната од 35 до 43 степени. УВ индексот 9.

Во Охрид, сончево и многу топло со слаб ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 35 степена.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно и многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Максималните температурни вредности вдолж Повардарието за 2 до 3 степени ќе го надминуваат 40-иот степен.

И во наредните денови насекаде ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.

OhridNews