На повеќе локации во струшко, денеска ќе продолжи порибувањето на Охридското Езеро со подмладок на јагула.

Викендов беше извршено порибување во охридско кај Пештани, Грашница и Канео, а вкупно во водите на Охридскоот Езеро ќе бидат пуштени 25 000 млади јагули. Подмладокот на јагула кој со средства на ЕЛЕМ беше набавен од затворено одгледувалиште во Грција претходно помина извесен период во карантин во мрестилиштето „Шум “ во Струга.

Охридското е единствено отворено езеро во светот кое вештачки се порибува со јагула.

Ohridnews