Охридскиот футсал тим Охрид 1921 ја продолжи победничката серија, откако славеше на гостувањето во Свети Николе, кај Алгомак со 5-4. По “покерот“ минатото коло, Бимбилоски
“само“ два пати ја затресе мрежата на противниците, Стефаноски погоди
два пати, додека еднаш беше прецизен и Колоски Александар.


Одлична престава на голот имаше Димитриевски кој покрај серијата успешни интервенции одбрани и удар од најстрога казна.

Во наредното коло на домашен терен, охриѓани ќе играат против Велес. Во првиот натпревар “сините“ беа поразени со 3-0.

М.П.