Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 23 до 28 степени. Во Охрид до 23 степени.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во следните денови ќе се задржи релативно топло време.

Промена на времето се очекува в среда со повремен локален дожд, а в четврток наместа пороен со појава на грмежи.

OhridNews