Во следните денови продолжува периодот на претежно сончево време со натпросечни дневни температури. Според УХМР, во наредните три дена ќе биде сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се движи помеѓу 23 и 29 степени, а минималната од 3 до 14 степени.
Во Охрид максималната темепратура ќе биде околу 23 степени. Топлото време многумина викендов го искористија за релаксирање на охридските плажи, а дел од нив и се капеа во езерските води.
OhridNews