Времето денеска кај нас ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне, особено во источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2).
Максималната температура во Охрид ќе достигне 12 степени.
И во понеделник не очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Попладне, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2).
Температурата во Охрид ќе се движи во интервал од 4 до 14 степени.
Г.М.