Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 29 степени, а индексот на УВ зраќење ќе изнесува 8, информира УХМР Македонија.

Од понеделник продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат околу или малку под просечните за овој период од годината, велат од УХМР Македонија.

OhridNews