Денеска во Охрид ќе преовладува сончево и релативно топло со слаб до умерен ветер претежно со западен правец. Максималната температура ќе достигне до 24 степени Целзиусови, информира УХМР.
Сончево и потопло време за еден степен не очекува во вторник. Во среда температурите исто ќе бидат во пораст, а на места ќе достигнат и 30 степени. Мала дестабилизација се очекува во четврток во текот на ноќта со врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Во северните делови ќе започне да дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на температурата.
OhridNews