Продолжува  проектот за условен паричен надоместок за учениците од средно образование коишто потекнуваат од семејства  приматели на социјална парична помош, што е дел од програмата на Владата.

– Станува збор за финансиска парична помош од 12.000 денари за секое семејство коешто има дете кое што е ученик во средно образование и коешто редовно ја посетува наставата,односно, над 85% од сите часови во текот на годината” рече министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Финансиската помош се остварува квартално, односно, секој квартал се добива по една четвртина од овие финансиски средства. За оваа година  издвоени се вкупно 78. 000.000 (седумдесет и осум милиони) денари за поддршка на околу 6500 семејства коишто се приматели на социјална парична помош. Условите коишто треба да ги исполнуваат семејствата, односно децата коишто се во рамките на средното образование, да се редовни ученици и да аплицираат на повикот кој што ќе биде објавен во текот на утрешниот ден и кој што ќе трае до крајот на месецот септември.

OhridNews