Негативниот тренд на палење на езерската трска продолжува и натаму. По неколкуте „случајни“ пожари на источното крајбрежје, неодамна пламна дел од трската во близина на Подмоље, веднаш до стариот пат за Струга.
изгореа хектари трска
Изгореа неколку хектари трска и други ниски растенија. Матерјалната штета е незначителна, но еколошката и тоа како голема. Трската и воопшто остатоците од блатото в долж езерската ривиера се природни филтри кои се од исклучително значење за целокупниот еко систем. Тие се мрестилишта на голем број животни, риби и птици и дом на ендемски растенија кои со милиони години опстојувале тука.
продолжува уништувањето на природните филтри на Езерото
Зачестеното палење на трската и се поголемата деградација на блатото сериознио може да се одрази на останатиот жив свет во Езерото, предупредуваат експертите. И покрај нивните апели да се зачуваат овие природни филтри, човекот и натаму ги уништува со цел да го комерцијализира крајбрежето. Таквиот начин на размислување е погубен сметаат експертите кои предупредуваат дека уништувањето на трската и блатото се вовед во уништување на Охридското Езеро без кое имотот околу него би бил безвреден.
ohridnews