Во текот на вчерашниот ден во ОВР Струга пријавен е пожар на езерска трска на брегот од Охридското Езеро на потегот од Струга кон селото Калишта.
Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга, а повредени лица нема. Од извршениот увид, констатирано е дека била опожарена трска на површина од околу 3000 метри квадратни на езерскиот брег, како и околу 5000 метри квадратни сува трева на приватна парцела. – информира СВР Охрид.
Пожар на трска во Калишко поле имаше и на 3 март. Опожарена беше езерска трска во должина од околу 400 метри и ширина од околу 40 метри, за што Државниот инспекторат поднесе кривична пријава против познат сторител за „загрозување на животната средина и природата со отпадни материи”, врз основа на увидот на терен и документацијата од истрагата спроведена од ОВР Струга.
Г.М.