Нивото на Охридското Езеро ја достигна минималната вредност и сега се наоѓа на 693,17 метри надморска височина. Опаѓањето на Езерото е забележливо во должина на целото крајбрежје. На одредени делови со повлекувањето на Езерото формирани се нови плажи, а некаде се појавуваат и островчиња.

И покрај алармантното опаѓање на Охридското Езеро надлежните смируваат дека е нормално во овој период од годината да има зголемени осцилации и дека хидролошката состојба на Езерото ќе се поправи со топењето на снегот на пролет.


Опаѓа нивото на Охридското Езеро

За разлика од хидролозите експертите од Хидробиолошкиот институт се загрижени бидејќи покрај Охридското Езеро тренд на опаѓање бележи и Преспанското Езеро каде нивото на водата дневно се намалува за 1 сантиметар.


Преспанското Езеро губи еден сантиметар вода дневно!

Неодмна на барање на ресенската локална самоуправа НАТО изврши испитувања на состојбата на Преспанското Езеро при што било откриено дека тоа понира во ново, трето езеро кое се наоѓа под планината Галичица. Дали и како Охридското Езеро е поврзано со овој воден басен, кој се проценува дека располага со 5 милијарди метри кубни вода, ќе се испитува допрва.

ohridnews