Продолжува опаѓањето на водостојот на Охридско Езеро. Ако минатата недела беше на кота од 693.17 м.н.в., денес според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) нивото е намалено за уште два сантиметри и се наоѓа на кота од 693.15 м.н.в.
Со тоа ниво на езерото денес е за шеснаесет сантиметри под просекот за октомври (693.31 м.н.в), 5 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в) и два сантиметри под минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в).
Неделната анализа покажува благо опаѓање од сантиметар до два, движејќи се од котата 693.17 м.н.в. до денешната 693.15 м.н.в.
Н.С.Ј.