Оваа програма ја спроведува Министерството за образование и наука во соработка со Швајцарска агенција за развој и соработка и поддршка од Здружението на граѓани ОХО односно програмата „Немаме резервна планета“. Таа ќе ги опфати сите образовни институции во Република Македонија, почнувајќи од градинките па сè до училиштата за средно образование.
Нејзината цел е преку образовниот систем да допре до децата во однос на бројни теми од животната средина и прашања кои се исклучително актуелни во светски рамки како што се заштеда на енергија, заштеда на вода, здрав живот и слично. Со почетокот на оваа обука впрочем започнува и циклусот на претставување на програмата пред училиштата кои за прв пат се во допир со процесот на нејзино интегрирање во рамките на своите училишта.