Украсувањето на Охрид за новогодишните празници продолжува. Центарот на градот речиси комплетно е украсен. Паркот пред рибниот ресторан и просторот пред пристаништето изгледаат идилично. Прекрасно изгледа и чаршијата каде деновиве е поставено ѕвездено небо.
центарот на Охрид изгледа идилично
Освен центарот се украсуваат и другите улици на Охрид, а од вчера започна и украсувањето на бул. Туристичка. Специјална екипа со возило дигалка поставува новогодишни реквизити на столбовите долж булеварот, кој се очекува компелтно да биде украсен до понеделник.
се украсува и „Туристичка“
Локалната самоуправа упати апел до граѓаните совесно да се однесуваат и да ги чуваат новогодишните реквизити. Повеќе фотографии од новогодишното украсување на Охрид можете да погледате во галеријата на ohridnews.
Г. Момироски