Не запира поддршката на охриѓани и бизнис заедницата во градот за нашата сограѓанка Бојана Бонеска на која и е дијагностицирана тешка болест за чие лекување се потребни многу средства.
По бројните хуманитарни акции и концерти изминатиот викенд убав гест подготвува и фризерското студио „Elit Mari“. Имено оваа среда, 16 октомври, целиот промет од услугите фенирање и третмани на коса, како и од продажбата на производи за разубавување, ќе одат за поддршка на Бојана. Хуманата акција е поддржана од „Silk solution“, „Аlfaparf“ – Македонија и „Макси ексклузив“.
Фризерското студио „Elit Mari“ се наоѓа на добро познатаата локација на улица „Питу Гули“ 130.
Хуманите граѓани може да донираат средства и на жиро сметката отворена за оваа намена, како и специјалните телефонски броеви преку мобилните оператори.
На Бојана пред девет месеци и е дијагностициран „Small Bowel Neuroendocrine Carcinoma“. За нејзиното лечење потребни се 90 илјади евра.
OhridNews