Во рамки годинешното издание „На зајдисонце“ во Трпејца, вечерва, ќе биде прикажан документарецот „Од Трпејца преку  Заум до Св. Наум“од Томе Љушев – Шпанец.

Изминатите денови, во Трпејца, постојано се слуќуваат атрактивни настани.

Ден по свеченото отворање се одржа „Променада со кајче по езерото“ на која во две кајчиња кои пловеа пред бисерниот брег  музицираа ученици од ОМУ „Методи Патче“ од Охрид. Беше  поставена и изложбата ЗАЕДНО на која беа претставени фотографии на учесници на манифестацијата ДЕНОТ НА ДРИМ во мај, годинава во организација на здружението „За Трпејца со љубов“ и „Интелектуална жена“ од Поградец, Албанија. Неделата беше резервирана за традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ а вечерта се претставија седумте ученици од Подрачното училиште „Св. Наум Охридски“ од Трпејца заедно со нивната учителка  Лила Каранфилоска.

Под раководство на актерката Марија Новак започна и театарската работилница на која децата учат да глумат текстови од приказните за Итар Пејо, а се одржа и поетската вечер: „Поетите за езерото и водата“ со Марина Димовска“.

Сите приредби  во Трпејца се бесплатни, се одржуваат на отворено, а културно – забавното лето е помогнато од Општина Охрид и Министерството за култура на РМ.

OhridNews