Синоќа, со финалниот натпревар на турнирот „Илинден 2014“, започна културната манифестација „Илинденска вечер во Елшани“.

Во рамките на настанот се одбележаа 5 години од формирањето на Здружението на граѓани „Родољуби Свети Илија“, чиј претседател, Димче Донески, донираше топки дресови и други спортски реквизити за учесниците на турнирот.

Манифестацијата продолжува и денес од 18 часот, со изложбата на фотографии од родокрајниот уметник Танче Ламбески. Следува настапот на младите музичари „Елшански мерак“ и КУД „Филиграни“, а од 21 часот ќе настапи скопскиот театар „Скрб и утеха“. Вечерта ќе заврши со фолк-забава на пејачот Спасе Матлијоски.

Инаку, денешниот христијански празник „Свети Илија“ е патрон на селото Елшани.

OhridNews