Со четвртфиналните натпревари Милан-Баерн Минхен и ПСВ-Ливерпул вечерва продолжува фудбалската лигата на шампиони (ЛШ). Италијанните и Германците се во потрага по победата во едниственото натпреварување кое може да им ја спаси пропаднатата сезона, додека во вториот дуел ќе играат тимовите кои во осминафиналето ги елиминираа ланските финалисти Барселона и Арсенал.

МИЛАН – БАЕРН

Без оглед на тоа што не блескаат во националните првенства, според имињата ова е веројатно најзвучниот дуел во оваа фаза од ЛШ. Сепак, европската титула е многу попривлечна од домашната, затоа не треба да зачудува желбата на двата тима да стигнат до полуфиналето.


Џилардино – Милан

Милан и Баерн во европските купови се имаат сретнато четири пати , последен пат во сезоната 2005/2006 во осмина финалето од ЛШ , кога со вкупен резултат 5-2 понатаму мина Милан. Од овој двомеч се памети хет-трикот на Филипо Инзаги. Според  информациите кои доаѓаат од двата табора,тренерите Карло Анчелоти и Отмар Хицфилд се среќаваат со одредени проблеми.


Баварците преку Рела стигнаа во четвртфиналето

Кај Милан поради повреда ќе го нема Масимо Амброзини, додека поради непримерното однесување на допинг тестот по мечот со Реал , Оливер Кан нема да го брани голот на Баварците. Кан од УЕФА заработи суспензија од три средби.


ПСВ – ЛИВЕРПУЛ

Двете екипи веќе имаа двомеч сезонава во ЛШ. Во натпреварите по групи во Ајндховен беше 0-0, додека на “Енфилд“ Ливерпул победи 2-0. Зедничко за двата тима е што по осминафиналните дуели дома ги испратија ланските финалисти Арсенал и Барселона.

Пред двомечот поради рејтингот но и моменталната форма апсолутен фаворит е Ливерпул. Црвените во саботата во премиерлигашкото дерби го прегазија Арсенал со 4-1 , додека ПСВ одигра само 1-1 нагости кај Бреда , со што ја доведе во прашање одбраната на титулата во Холандското првенство.


шампионот од 2005 е во одлична форма

Пред дуелот тренерот на црвените Рафа Бенитез не може да смета на Сисоско,Кајт и Пенант, додека за настап е неизвестен капитенот на тимот Стивен Џерард. Доколку Џерард истрча на “Филипс“ стадионот во Амстердам тоа за него ќе биде јубилејниот 50-ти настап во ЛШ. Лоша среќа со задравствениот билтен има и Роналд Куман, надвор од тимот се Коне, Афелај, Салсидо…Сепак Куман надежите ги полага во статистиката која вели дека ПСВ на последните 17 натпревари како домаќин победил на 12.  


По Арсенал-Ливерпул

За двата тима е врзана и една занимливост. Имаат триумфирано во ЛШ (поранешен КЕШ) по изведувањето на пенали. На таков начин ПСВ ја совлада Бенфика, а Ливерпул пред две сезони го совлада Милан но и Рома на почетокот на 80-те години од минатиот век. Останатите две од четвртфиналето во ЛШ,  Валенсија-Челзи и Рома-Манчестер Јунајтед, се играат во среда.

Ненад Цветанов