Под мотото „Искористи ги твоите 5 минути да спасиш нечиј живот-Дарувај крв“ на Плаошник денеска продолжува крводарителската акција што заеднички ја организираат
Црвен крст Охрид, одделението за трансфузиологија при болницата “Св.Еразмо” и трансфузиолошката служба при Општа болница Охрид.
Организаторите на акцијата која се спроведува по 5-ти пат се задоволни од одзивот на граѓаните и туристите, а точниот број на собрани единици крв ќе се знае по завршувањето на акцијата денеска попладне.
Даруваната крв ќе им биде предадена на здравствените установи во Охрид.
ohridnews