На форумот се очекува да земат учество триесетина претставници на различни институции од областа на образованието, здравството, социјалата, вработувањето, верски заедници, политички подмладоци и здруженија на граѓани, како и претставници на Локалната самоуправа на општина Струга. Учесниците на форумот во престојните два работни дена, ќе треба врз основа на Националната младинска стратегија, да ги одредат целите и да ги дефинираат активностите на локалната младинска политика за општина Струга.
На форумот му претходеше анкетирање на младите во Струга, а резултатите од истразувањето ќе бидат основа за реализација на форумските активности. Форумот на млади се реализира како дел од проектот за донесување Локални младински акциони планови за Охрид и Струга, кој го реализира Младински Совет, а финансиски е поддржан од “The Balkan Trust for Democracy”.