Нема нови детали за свирепото убиство на уличниот продавач на девизи Трајче Цоцески, кој вчера беше пронајден мртов во близина на реката Сатеска кај  авто кампот АС  на влезот од Струга.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски ни изјави дека полицијата и истражните органи интензивно работат на случајот, но во во интерес на истрагата не можат да се соопштат поединости. Во своето вчерашно соопштение СВР Охрид  информираше дека околу 15ч. на споменатата локација  пронајдено е тело на маж на возраст од околу 60 години облечен во темна кошула, сини тренерки и бели патики. На неговото тело видливи биле траги од насилство, односно повреда на главата, која неофицијално била  направени од огнено оружје. Безживотното тело на  Трајче Цоцески го пронашле случајни минувачи кои ја известиле полицијата.Телото на убиениот е предаденои на обдукција која треба да утврди како и кога  настанала смртта . На местото на настанот биле повикани роднините на Трајче Цоцески кои го идентификувале мртвото тело.

Трајче Цоцески беше оженет и татко на две возрасни деца. Тој исчезна во саботата околу 17 ч. откако по кафето што го пиел со кумот, заминал кај наводен пријател кому требало да му размени 2.500 евра.

ohridnews