Трет ден трае истрагата за идентификација на човечкиот труп во распаѓање кој во петокот беше пронајден во месноста бршаница во атарот на селото Лактиње-Дебарца, охридско. Телото е предадено на обдукција, а полицијата работи на прибирање докази за да се утврди идентитетот на мртвиот кој засега е непознат.
Истрагата треба да утврди кога и како настанала смртта. Иако постојат одредени индиции, на што упатуваат и пронајдените остатоци од облека и други докази, надлежните органи во интерес на истрагата не сакаат да прејудицираат ништо, додека не добијат официјална потврда за идентитетот на мртвиот, за како што беше кажано дополнително да не се вознемируваат семејствата кои подолго време очекуваат информации за нивни блиски кои се водат како исчезнати.
местото каде бил пронајден човечкиот труп
Инаку, телото било закопано само делумно, во плиток гроб крај шумскиот пат, а делови од него биле пронајдени во блиската околина, каде најверојатно биле разнесени од диви животни.Увид на лице место во саботата извршија истражен судија, заменик јавен обвинител и екипи на крим – техника. Истрагата е во тек.
Г. Момироски