Екипи на полицијата од утрово се на терен на поширокот подрачје на селото Рамне, каде вчера случаен  минувач забележал коски кои наликувале на човечки. Коските биле пронајдени во месноста „Лозја“ атар на охридското село Рамне, по што била известена полицијата. Полицијата трага по докази кои треба да помогнат да се расветли случајот.

-По добиената информација, СВР Охрид оформи увидна екипа која, по овластување на Јавен обвинител веднаш излезе на посоченото место. Сe преземаaт дополнителни мерки за целосно расветлување на настанот.– информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

OhridNews
фото: google earth

Кај Рамне пронајдени остатоци од коски, постои сомнеж дека се човечки