Во Основниот суд во Охрид, денеска, треба да продолжи судскиот процес за двојното убиство што минатата година во месец август се случи во угостителскиот објект „Император“ на ул.„15ти Корпус“, кога од огнено оружје смртно беа застрелани сопственикот Васил Ристески (56) и Ромео Ѓузелоски (38).
Главниот осомничен Бојан Петрески (31), жител на Охрид, на првото судско рочиште се изјасни за невин по однос на обвиненијата кои го товарат дека ладнокрвно извршил двојно убиство и за неовластена употреба и чување на огнено оружје и распрскувачки материјали.
Второобвинет во случајот е Ристе Силјаноски, кој се товари за помагање на сторител по извршено кривично дело. И тој се изјасни за невин по однос на обвинението.
Главниот претрес денеска треба да продолжи со исказ на сведоци на настанот и изнесување докази.
OhridNews