Три натпревари се одиграа вечерва на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта, а стрелците повторно беа расположени.
Во првиот натпревар Др. Баткоски ја совлада екипата на Кутлеш со 5:3. Во вториот меч Ресторан Станица Викса Пром беа подобри од Волино со 4:2, додека во последната средба вечерва Виена Комерц ја совлада екипата на „Ри-Сте-Ви-Бој“ со 2:1.
Турнирот продолжува во понеделник со три средби.
Распоред на натпревари, понеделник, 24 јуни:
20:30 ч. Инекс Олгица – Дооел Ноче
21:30 ч. Сатеска – Хацеган Елит
22:30 ч. Дамјан, Климент и Михаил – Бомбаши
Г.М.