Денешниот ден втор ден Водици, женски водици , или собор на свети Јован Крстител, или во Охрид познат по зимското капење на рибарите, почнал да се одбележува од пред многу години .  Ова не е ден на рибарите , како ден на рибарите се слави денотот посветен на светите Апостоли Петар и Павле на  12 јули петровден /павловден.

Денешниот  ден според риболовците, има две значења.

– Прво кога била забранета манифестацијата на фрлањето на светиот крст во охридските води тогаш рибарите го земале односно „краделе“ крстот (за да не се казни попот) од црквата Геракомија и пред да заминат ноќта на риби го фрлале во водите на охридко езеро во месноста Сараиште, а откако ќе се разденело нивните синови, браќа и други роднини го барале крстот под изговор дека се капат за поголем берикет, односно полни мрежи со риба. Потоа кога било дозволено фрлањето на крстот се капеле за берикет на рибарите за да ја продолжат традицијата. Рибарите не учествувале во капењето зошто со своите чунови тие уште од поноќ биле во длабоките води на езерото. На 20 јануари не завршува забраната за риболов на охридската пастрмка, забраната трае до 31 март а на 20 јануари се дозволува само лов на пастрмка за вештачки мрест, со што почнувал и своевиден масакр на охридската пастрмка затоа што најпродуктивните единки на пастрмката после молзењето не се враќале во вода , туку се убивале и продавале на пазар. Тоа се практикувало од 35 тата година на минатиот век па се до пред некоку години, – објаснува Радован Димитриески од СРК „Свети Апостол Петар“.

Последните години на оваа манифестација и се додаваат нови содржини за да биде подобра туристичка атракција
Крст не се фрла на овој ден туку столитарско  буре полно со вино и кој прв ќе доплива до него тој располага со бурето и го дели на присутните гости. Манифестацијата е покриена  со староградска охридска музика, се дели бесплатно греана ракија, вино и пржени плашици во пченкарно брашно.

Од пред некоку години во трката се вклучуваат ветераните кои скокале и го фатили крстот за Водици /Богојавление , на нив им се придружуваат градоначалникот на Охрид Александар Петрески како и евроамбасадорот  Фуере.

Манифестацијата е поддржана и од спортко рекреативните риболовци за да добие на масовност. Фрлањето на крстот во Охридското Езеро за Водици – Богојавление,  не се натпреваруваше за Гинисов рекорд како што беше најавено, затоа  што гинисовата книга на рекорди, не ги поддржува верските манифестации и здруженија. но идната година за Гинисов рекорд може да се пријави  манифестацијата зимско капење на рибарите, како собир со најголем број на капачи во зимски услови.

СРК „Св. Апостол Петар“ ги повика  спортско рекреативните риболовци масовно да се влкучат во одбележувањето на ова манифестација.

Ohridnews