Во рамки на оперативниот план на Локалната самоуправа за превенција од ширењето на Корона вирусот Ковид-19, продолжуваат активностите за дезинфекција на училишните објекти на подрачјето на Општина Охрид.

Деновиве се изврши и дезинфекција на сите училници, ходници, канцеларии и помошни простории во: СОСУ „Свети Кирил и Методиј“ и СОСУ „Свети Климент Охридски“

Претходно беше извршена дезинфекција на сите основни училишта во општината.

OhridNews