Деветти ден учениците Македонци, од средните училишта „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ во Струга ја бојкотираат наставата. На настава доаѓаат само учениците во прва година, додека останатите, своето враќање во училиштните клупи го условуваат со воведување  јазични смени.


Учениците Македонци деветти ден ја бојкотираат наставата

Сакаме да учиме во јазични смени, одвоено од учениците Албанци, бидејќи стравуваме да не се повторат минатогодишните немили настани, ни изјави Бојан Попоски, претставник на учениците Македонци. Тој заедно со повеќе соученици се сретнаа со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко и одговорните за образование во локалната самоуправа.


Нема  отстапување од барањата  Бојан Попоски

„Ги информиравме  учениците дека во тек е уредување на просториите во некогашното одморалиште „Мајски цвет“ со што ќе се реши проблемот со простор во средните улилишта во Струга. На тој начин, ќе се создадат услови за решавање на барањата на учениците Македонци“, ни изјави градоначалникот Мерко. Тој упати апел до учениците да се вратат на настава, но тие одбиваат да го направат тоа, се додека не профункционираат јазичните смени.


Градоначалникот Мерко се обиде да ги предомисли учениците

Г. Момироски