Утрово хеликоптери на македонското МВР и на Република Србија продолжија да дејствуваат од воздух на пожарот помеѓу охридските села Косел и Опеница кој беснее петти ден.
Во текот на вчерашниот ден само хеликоптерот на МВР исфрлил 43 тони вода врз пожарот, а во гаснењето покрај уште еден хеликоптер дејствуваа и специјалните авиони “ер трактор”.
На терен неуморно со огнот се борат десеттици припадници на Противпожарната единица Охрид, Национални шуми, НП Галичица, на јавните претпријатија, локално население и доброволци.
Огнот зафати голема површина, главно високо квалитетна дабова и борова шума.
Г.М.