Работниците со над 25 години работен стаж, стечајни работници, технолошки вишок и загубари кои имаат нерегулиран статус ќе протестираат, но засега, одуката е ставена во мирување.
Вака одлучија членовите на нивното здружение во Охрид по синоќешниот состанок на кој меѓу другото беше анализирано и сработеното во текот на годинава што изминува.
„Донесовме одука да протестираме, но засега таа е во мирување, зашто добивме писмо од Владата како одговор на нашите барања.
Треба да го разгледаме дописот, а потоа да ја донесеме конечната одлука“, изјави претседателот на здружението, Иван Николоски.
Невработените лица со над 25 години работен стаж кои се пријавуваат во Агенцијата за вработување и имаат нерегулиран статус, бараат да бидат згрижени од страна на државата.
Ohridnews