Овие активности на Дирекцијата за заштита и спасување се финална операција на повеќегодишни истражувања и превземени мерки во Охридското езеро за отстранување и уништување на неексплодирани убојни средства.
Дирекцијата ја известува јавноста, граѓаните на Охрид и лицата кои престојуваат во градот дека се работи за остатоци од убојни средства стари десетици години. Тимовите на дирекцијата, заедно со стручњаците и преставниците на американскиот Стејт Департмент како и на нивното преставништво од Словенија, ги превземаат сите мерки за безбедност на целата операција.
Во операцијата за чистење на Охридското Езеро логистички се вклучени и МВР, Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, Министерството за животна средина и просторно планирање, Локалната самоуправа на Охрид и Охридската Капетанија. Донатор на активностите е Министерството за надворешни работи на САД а покровител е Меѓународниот фонд за деминирање и помош на жртвите од мини.