До 12-ти октомври во Културно-информативниот центар „Култура 365“ ќе се реализира акцијата „Неделата на книгата“.

Секој што ќе го посети овој културен центар во периодот од 9 до 19 часот, ќе ја добие на подарок книгата „Патеки на животот“ од охридскиот писател Наум Трајчески.

Се работи за збирка раскази во кои се вткаени приказни од секојдневието, низ кои се претставени различни емотивни состојби.

OhridNews