Со расправа по преостанатите точки од дневниот ред Советот на општина Охрид денеска ќе ја продолжи 21-та седница, започната во понеделникот.

На продолжението на седницата ќе бидат разгледани 26 предлог одлуки меѓу кои има и неколку од областа на урбанизмот. Советниците денеска ќе го разгледаат и Известувањето од Министерството за транспорт и врски, по однос на заклучокот на Советот околу забраната за пловидба на охридските бродови.

ОhridNews